Мурал во скопско Дебар Маало за 70-от роденден на Горан Стефановски

6

Мурал со ликот на Горан Стефановски е нацртан на фасадата на основното училиште “Коле Неделковски” во скопско Дебар Маало. Муралот е насликан како дел од програмата на Општина Центар за одбележување на 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели. Муралот го наслика уметникот и тату-артист Блаже Aтанасков- Нејмлес.

Во рамките на одбележувањето на 70. роденден на Стефановски, во паркот кај Општина Центар на неговата клупа се одржа драмскиот перформанс „Маалски драмски разговори“.

Во рамките на одбележувањето на 70. роденден на Стефановски во паркот кај Општина Центар на неговата клупа се одржа драмскиот перформанс. (Фото: К. Попов)

Во неговото Дебар Маало лани во август беше поставена клупа со негова статуа, а на истото место на одбележувањето на неговиот 67 роденден беше засадено дрво чинар.

Горан Стефановски, бардот на македонската драма, почина во ноември 2018 на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Академик Стефановски е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.