Мурињо и тројца фудбалери на мета на медиумите поради непочитување на мерките

Жозе Мурињо и тројца фудбалери вчера тренираа надвор од тренинг центарот и наидоа на критика од англиската јавност.

14

Португалскиот тренер на располагање ги имаше Тангуј Ндомбеле, Девидсон Санчез и Рајан Сесењон. На видеото кое се појави може да се види како тие прават вежби еден до друг, што значи дека ги прекршуваат мерките за претпазливост во овој период на пандемија.

Владата на Велика Британија ги ослободи граѓаните да вежбаат надвор од своите домови, но тоа да го прават со најблиските. Тоа не беше случајот со оваа група од редовите на англискиот премиерлигаш, што наиде на негодување од мнозинството.

Планот на Мурињо не и се допадна и на управата на Тотенхем, која ќе реагира во наредните неколку дена и сигурно ќе забрани сличен испад пред очите на пошироката јавност.

Европските гиганти, особено оние во Германија, започнаа да им се враќаат на тренинзите, но во помали групи и со одредено растојание меѓу нив.