Мурињо откри кој прв му честитал за ангажманот во Тотнем

8

Жозе Мурињо пред неколку дена го презема Тотнем, а признава дека добил голем број пораки по новиот ангажман.

Мурињо речиси една година беше без работа, откако го напушти Манчестер јунајтед, но сега го прифати новиот предизвик во Лондон.

„Можеби имам шанса да се извинам што не одговорив на 500 пораки. Во моментов имам 700, а јас одговорив само на 200. Во секој случај, беше убаво да се види како од мојот последен клуб реагираа на тоа. Прв ми честиташе генералниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд, а трет или четврт беше Ед Вудворд“, открива Мурињо.