Мурињо победи на дебито и веднаш испорача список на желби

9

Жозе Мурињо имаше победничко деби на клупата на Тотенхем, и веднаш по натпреварот на управата и даде листа со три имиња кои сака да му бидат доведени во зимскиот преден рок.

Целта на Мурињо оваа сезона е да го врати Тотенхем на едно од првите четири места во Премиер лигата и да се обиде да го повтори или надмине ланскиот успех во Лигата на шампионите кога Тотенхем играше во финалето.

Доаѓањето на Мурињо на клупата, не го промени статусот на Кристијан Ериксен, тој по завршување на сезоната ќе си замине од екипата, и поради тоа Португалецот сака уште сега да ангажира соодветна замена.

Изборот падна на португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон за чиј ангажман ќе бидат потребни 60 милиони евра.
Медиумите во Португалија, најавуваат дека Фернандеш со задоволство би прифатил да се пресели во Тотенхем и да работи со сонародникот.

Второто име на списокот на желби и фудбалерот со кого работеше и во Челси и во Манчестер јунајтед, Немања Матиќ. Засега Јунајтед не сака да го продаде Матиќ на ривал од Премиер лигата, но се претпоставува дека за понуда од 10-15 милиони евра, „црвените ѓаволи“ ќе го сменат мислењето и ќе дозволат српскиот репрезентативец повторно да игра за Мурињо.

Последното име на списокот е Златан Ибрахимовиќ кој сè уште не потпишува за Милан бидејќи чека повик од Мурињо. Тие работеа заедно во Интер и во Манчестер јунајтед, а Швеѓанецот има високо мислење за Мурињо и поради тоа се надева дека во последниот клуб во професионалната кариера ќе игра за тим предводен од Португалецот.