Мурињо уште на првиот тренинг ги воодушеви навивачите на Тотенхем (ВИДЕО)

5

Португалскиот стратег Жозе Мурињо пред неколку дена седна на кормилото на Тотенхем, па по долга пауза повторно се врати во Премиерлигата, каде што денеска ќе го има своето деби на мечот против Вест хем.

Иако отказот на Маурицио Покетино ги изненади навивачите на Тотенхем, сепак тие веруваат дека Мурињо може да донесе нешто ново во играта на екипата.

Португалецот го одработи првиот тренинг со екипата на Тотенхем, па се запоззна со фудбалерите. Лондонскиот клуб објави видео од тренинг, кое ги воодушеви навивачите. Мурињо покажа дека нема да прави разлика меѓу фудбалерите без оглед на тоа што некои мислат дека се големи ѕвезди. Неговиот пристап на тренингот и односот со фудбалерите, откако ги запозна, ги воодушеви навивачите на клубот.