Мурињо: Ѓоковиќ ова често го прави, а нам ни е тешко да направиме таков резултат!

15

Жозе Мурињо ја забележа една од најголемите победи во неговата тренерска карера. Со Тотенхем вчера славеше со резултат 1:6 против својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Менаџерот на Тотенхем после натпреварот на „Олд Трафорд“ триумфот го спореди со победите на моментно најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

– Новак ова често го прави, а нам не ни е лесно да постигнеме ваков резултат. Против клуб каков што е Манчестер јунајтед се случува еднаш во животот, еднаш во кариерата – рече Мурињо кој е исто така фан на српскиот тениски ас.

– Знам дека многумина ќе кажат дека долг период имавме играч повеќе, но долго игравме и 11 на 11. Водевме со 2:1, во целост го контролиравме мечот и создававме шанси. Минатата сезона имавме многу проблеми и реков дека не можеме подобро од пласман во Лига Европа. Оваа сезона ангажиравме одлични фудбалери и предизвик ни е да славиме на секој меч. Ниту на дуелот со Јунајтед не дојдовме по реми. Нема секогаш да бидеме успешни, но на секој натпревар сакаме да победиме – додаде Мурињо.

Тотенхем моментно во Премиер лигата после четири кола е на шестата позиција со седум бодови, пет помалку од водечкиот Евертон.