Навални излезе од болница

16

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, е отпуштен од берлинската болница Шарите откако таму го лекуваа 32 дена, од кои 24 дена бил на интензивна нега.

– Врз основа на напредокот и моменталната состојба на пациентот, лекарите кои го лекуваат веруваат дека е можно целосно закрепнување. Сепак, останува рано да се измерат потенцијалните долгорочни ефекти од неговото тешко труење, се вели во соопштението на болницата.

Уште во август, Навални беше пренесен од Омск во Берлин за да се лекува од наводното труење со агенсот од Новичок.

Европската Унија и Соединетите Држави го опишаа случајот како политички мотивиран обид за убиство и како трик што го организираа западните земји за воведување нови санкции кон Русија од страна на Москва.