Навални се опоравува побрзо од очекуваното, тврдат неговите соработници

9

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се опоравува од последиците на наводниот обид за убиство, побрзо отколку што се очекуваше, изјави шефот на неговиот штаб Леонид Волков, јавува АП.

Навални, кој на 20 август се разболе во авион додека патуваше од Сибир во Москва и речиси три недели беше во кома, е пуштен минатата недела од болницата во Берлин во која се лекуваше.

– Тој е многу подобро, би рекол неочекувано подобро. Мислам дека опоравувањето е многу побрзо отколку што се очекуваше и секако, тоа се добри вести кои не прават среќни, рече Волков за ТВ РТЛ.

АП потсетува дека германските власти соопштија дека Навални е отруен со силен нервен гас и побарале од руските власти да го испитаат тој случај кој се случи на нејзина територија.

Присуството на нервниот агенс „новичок“ од советската ера кај Навални го регистрираа лаборатории во Франција и Шведска.

Русија ги отфрли меѓународните барања да покрени истрага, тврдејќи дека тестовите не покажале никакво присуство на таа отровна супстанција кај Навални.

Навални, кој е голем противник на претседателот Владимир Путин, најави дека ќе се врати во Русија за да ја продолжи политичката дејност.

Тој разбира дека се големи ризиците и мора да размислуваме за тоа како ќе продолжи да живее во Русија. Тоа нема да биде лесно и многу работи ќе се променат за да се намали можноста од втор напад, рече Волков.