Навивачите на ПСЖ ги нападнаа симпатизерите на Њукасл

3

Навивачите на ПСЖ се судрија со навивачите на Њукасл пред натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, пренесува „Дејли мејл“.

Инцидентот се случил синоќа во Париз. Навивачи на француски клуб ги нападнале Британците во еден од локалите во главниот град. За време на пресметката биле фрлени огномети и столчиња.

На почетокот на ноември, навивачите на Милан ги нападнаа навивачите на ПСЖ пред натпреварот од Лигата на шампионите во Италија.

ПСЖ и Њукасл ќе играат вечер од 21 часот на „Паркот на принцовите“.