Надал два месеци „плука“ по Ѓоковиќ, а Ноле му одговори шмекерски!

16

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал минатиот месец го освои Австралијан опен и така стана најтрофеен по број на гренслем-титули, но искусниот играч не пропушташе можност во последните два месеци да го критикува најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Меѓутоа, Ѓоковиќ не му се лути поради тоа, па дури одговори и шмекерски по победата на стартот на Дубаи, кога доби прашање од новинарите да каже што мисли за триумфот на Шпанецот во Мелбурн.

„Имам голема почит кон него. Не би одземал ништо на неговата победа поради тоа што јас не настапив. Му честитам за успехот. Рафа е неверојатен борец и тоа беше една од најголемите победи во неговата кариера. Мислам дека до пред четири-пет месеци не можеше да оди нормално, а сега освои трофеј на гренслем-турнир“, вели Ѓоковиќ.