Над 30.000 починати од коронавирус во Мексико

17

Мексико вчера надмина 30.000 жртви и 250.000 заразени, а ширењето на инфекцијата не забавува ниту во Бразил, каде се забележани скоро 38.000 нови инфекции на ден, соопштија здравствените власти.

Мексико со нови 523 смртни случаи брои 30.366 жртви. Има 6914 новозаразени, вкупно 252.165.

Владата претходно соопшти дека вистинскиот број на заразени лица веројатно ќе биде значително поголем.

Бразил, втората најпогодена земја во светот, во последните 24 часа забележа 37.923 нови случаи и 1.091 смртни случаи.

Во најголемата земја во Јужна Америка, повеќе од 1,5 милиони луѓе се заразени од почетокот на пандемијата, а 64.265 починале, според официјалните податоци.