Над 49 милиони го гледале интервјуто на Меган и Хари

16

Повеќе од 49,1 милиони луѓе ширум светот го гледале интервјуто кое американската телевизиска водилка Опра Винфри го водеше со британскиот принц Хари и неговата сопруга, поранешната американска актерка Меган Маркл, објави во вторникот американската телевизиска мрежа CBS News.

Разговорот во кој двојкат изнесе низа снадалозни обвинувања за расизам и кавги во британското кралско семејство, беше емитува во неделата во Северна Америка на CBS и во понеделникот на британскиот телевизиски канал ITV, а сѐ уште е достапен на стриминг платформите.

Од CBS News соопштија дека гледаноста на интервјуто и натаму е висока, како и дека повторно ќе го емиутваат целиот разговор во петок во САД.

Мрежата потврди дека двочасовниот разговор бил најгледаниот настан во неделата во ударниот термин во прериод од повеќе од една година, а кој не е финалето во американскиот фудбал „Супер Боул“, кој вообичаено привлекува околу 100 милиони гледачи и е најгледаниот теелвизиски настана во САД:

Интервјутот во кое Хари и Меган го обвинија кралското семејство за расизам и дека не ги заштителе од негативната медиумска покриеност, беше првото големо интервју на двојката откако решија да се повлечат од должностите и привилегиите како членови на кралското семејство и да се населат во САД. Меган зборуваше и за наводни суицидни мисли, а Хари рече дека го изневерил неговиот татко, принцот Чарлс.

Британските медиуми оценија дека искажаното во интервјуто одекнало како бомба за Бакингемскиот дворец и кралското семејство. За некои, пак, станува збор за маркетиншки потег на Хари и Меган, а за некои аналитичари станува збор за политички притисоци во контекстот на политичките промени во САД и во Кралството.