„Наопаку година“ на правната држава

5

Даут ДАУТИ

Тешка година за земјата, полна со контроверзни настани. Тоа е првата асоцијација за годината што ја оставаме зад нас.Потоа, кога ќе почнеш да елаборираш, вниманието ќе се фокусира на неколку прашања кои беа како земјотрес што ја тресе силно кулата на илузијата што ни беше сервирана во многу форми, за кои различните институции се обидоа да ги менаџираат, но со делумен успех. Фактурата за сите дејствија, сигурно ќе се наплатува напролет, на предвремените избори. Како за направеното, како за ненаправеното. Тогаш ќе се види кој и како ќе помине на „судниот ден“.

Крајот на годината заврши со катастрофалниот земјотрес во Албанија, кој со големата човечка трагедија што беше забележен, ги фрли во заборав сите други настани, кои не беа малку. Последниот од настаните што ја потресоа целата Албанштина, исто така, заврши на местото каде што беше најголем потрес, во Драч, таму каде што требаше да биде следната станица на една идеја, што во нормални услови, требаше да означува искрена регионална соработка, но, како што посочи еден косовски аналитичар, така започнат наопаку, останува во маглата на намерите и позадините. Бидејќи главни актери се, албанскиот премиер и српскиот претседател, со сето контроверзен багаж на Вучиќ, остануваат големи сомневањата меѓу целата Албанштина, особено во некоординираниот косовски политички оркестар.
Всушност, овие три земји, Северна Македонија, Косово и Албанија (тука не ги вклучувам нивните „сакани“ соседи, Грците, Србите и Бугарите), целата година ја поминаа со многу политички потреси, колку нивната „земја“ нема шанса „ да се помирува“.

Во Албанија, „титанските“ судири меѓу Рама, на една страна и Љуљ Баша и Моника Криемадхи, од друга страна, завршија со два пара локални избори, тие што ги прогласи за прв пат, претседателот Илир Мета и тие после укинувањето од самиот Мета, на нов датум, кои никогаш не се одржаа. Судирите меѓу институциите, контрадикторните толкувања, секој со своите аргументи, кои аргументите ги повлекува како ластик, според сопствена волја.
Ако Рама не си замина, како што беше побарано („Рама оди си!“), во Македонија и Косово, беше докажано една врста на „фрагилност“ пред предизвиците и првото сериозно сопнување на власта, беше проследено со прогласувањето на предвремените избори. На Косово само зошто премиерот беше повикан во Хаг на информативни разговори околу злосторствата, а во Македонија зошто Макрон инсистираше дека Македонија и Албанија се уште не се за во ЕУ. На Косово, за повеќето граѓани беше голема придобивка што конечно победи Движењето Самоопределување (ДС), формалните изговори (пребројувањето на гласовите) како ретко и долготрајни разговори меѓу ДС и ДСК, ја вадат муќеницата над попарата и нивната власт се уште се девалвира, без да се започне со непринципиелните меѓусебни условувања, така што надежта за различно владеење, може да се заменува со страв од неуспехот поради сопнувањата.

Македонија од 2019 година е поинаква реалност, како резултат на големиот историски компромис со Грција, но кој се уште предизвикува турбуленции во нашето општество, што, поради индоктринираната свест, што, поради тоа што овој договор (како и другиот со Бугарија за добро соседство), ги изнесува на виделина некои проблематични прашања (употреба на атрибутот „македонски“, отворање на прашањето за потеклото, постоењето на македонската нација и јазик и итн.), кои од голема придобивка (отворањето на вратите за евро-атлантска интеграција), се претворува во политичко Ватерло за СДСМ и Заев, што можат скапо да ја платат. Меѓутоа, според моето мислење, повеќе од „крушката дршка“, со тие договори, оваа година што ја оставаме зад нас, ми се чини „… наопачка“,како романот на Кадаре (деновиве читав книга на Елена Коцаќи за принцот Вид и ме потсети на хаотичната 1914 година), затоа што 2019 година, повеќе отколку во Албанија и Косово, никако не беше просперитетна, заправо во Македонија. Во оваа година, на некој начин, правосудниот систем беше разнишан и затресен, поставен да им суди на сите тие дела што ја соборија владата на Никола Груевски. Како казна од Господа, не знам зошто и против секоја здрава логика, по многу делумни решенија за гонење на неколку дела, падна правната кулата, наречена Специјално јавно обвинителство (СЈО), како резултат на глупоста и наивноста на нејзиниот раководител , која, наместо да ги гони „големите риби“ на политиката и бизнисот, денеска е на клупата на срамот, Катица Јанева, поранешна ѕвезда на правдата.

Нејзиното влегување во орото на злосторството, заедно со тие што требаше да ги гони, беше најголем потрес на правната држава кај нас, затоа што беше повеќе од падот на кариерата на една обвинителка, тоа беше ерозија на правосудниот систем, во кој граѓаните веруваа без резерва.

Поврзувањето на Катица со „Боки 13“, со сомневања за луѓето од СДСМ, наликува како во научно-фантастиките филмови, кога од еден експеримент, работите излегуваат од контрола, со неочекуван резултат, како во нашиот случај, едно грдено цртано суштество . Работите што потоа излегоа на виделина (придобивките на обвинителите на СЈО, непотизмот во него …) само и повеќе ја зголемија разочарувањето за изгубената доверба.

Ако неуспехот на Специјалното јавно обвинителство беше од драматични размери, има уште еден „пролог“, во кој и власта се сопна во принципите на правдата. Како што знаеме, Македонија го смени своето име во Северна Македонија со Договорот од Преспа, кој не помина на референдум поради бојкотот на опозицијата, затоа требаше да се гласа во Собранието.

По тој повод, поради повисоките интереси, беше донесен е законот за помилување за делата од 27 Април, каде беа опфатени и некои од оние кои им се приклучија на парламентарното мнозинство (8 пратеници од опозицијата). Меѓутоа, овој закон, многу критикуван од експертите, како неоснован, но и селективен, затоа денеска имаме состојба кога за прекршоците од ист датум, тие што ги поддржаа уставните измени за промена на името се слободни и некои што сториле најмало дело, се во затвор, меѓу нив и Абдилфета Алими, како заложник на селективната и непринципиелна правда. Затоа, тоа сум го кажувал многу пати и повторувам дека се додека тој е во затвор седум години, а другите си шетаат слободно, потфрлил правосудниот систем,не успеал и целта на помилувањето, за што беше усвоен тој закон.

Додека не се коригира оваа неправда (изненадувачки е фактот зошто надлежните во земјава не сакаат да го гледаат тоа), а во меѓувреме со различни изговори се спасуваат и другите големи „риби“, а тие помалите, тие што нема кој и „зошто“ да ги заштитува, остануваат жртви на селективна правда. Бидејќи, еден од принципите на правдата е подобро да се слободни 99 виновни, отколку да го осудуваш еден невин. Додека, жртви на селективна правда, или жртви на целосно сомнителни процеси, остануваат осудените во случајот „Алфа“,за кои се очекуваа повторно судење, за да разгледуваат новите факти (колку време бараат правда, Реџаил Ќерими и Агим Ислами…), додека сувишно е да се зборува, како е преквалификувано убиството на малолетниот Алмир, опишан со исмејување од сторителот на делото, не заборавајќи ги полесните или построгите пресуди, во зависност од тоа кој е жртва и кој е сторител…

Затоа, кога со оптимизам се очекуваат нови рунди на самити на ЕУ, дека ќе и се омекнува срцето на Франција, која навистина се покажа како неправедна, треба да бидеме самокритични како држава, дека некои работи, за кои беше споменато погоре, виновна е самата држава, или поточно, тие што ја претставуваат на различни нивоа (властите).

И, дали ќе имаме избори на 12 Април или ќе се одложат, мене ми се чини крајно залудна дилема….

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)