Натпревар во прецизно слетување со едрилица

3

На Спортскиот аеродром Скопје, денеска со почеток од 12:00 часот, како и утре со почеток од 7:30 часот, ќе се одржи вториот натпревар од Лигата во прецизно слетување со едрилица.

Натпреварот е дел од серијата натпревари што ќе се одржат во пет градови ширум земјава – Штип, Скопје, Куманово, Битола и Прилеп.

Лигата во прецизно слетување со едрилица е нов и возбудлив натпреварувачки формат, велат од Аероклуб Скопје, и ги привлекува најдобрите пилоти од земјава и пошироко.

– Лигата се состои од пет натпревари, при што секој натпревар се одржува во различен град. Целта на натпреварот е да се слета едрилицата што е можно поблиску до означената целна точка на полето за слетување. Поените се доделуваат според близината на првата допирна точка на едрилицата до целната точка. Сите резултати се собираат во вкупна табела, а на крајот од лигата, натпреварувачот или тимот со најмногу поени ќе биде прогласен за победник, велат од Аероклуб Скопје.