Националниот џез оркестар вечерва со концерт во  Велес

4

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ вечер гостува во Велес, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот.“

Од Националниот џез оркестар информираат дека на концертот „Џез Лектира“ се осврнуваат на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично.