Најавата на Трифонов за нова влада зачинета со провокација кон Македонија

4

Лидерот на партијата „Има таков народ“ (ИТН), Слави Трифонов, најави формирање влада, кaко и дека ќе аплицира за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција и ќе испрати маж и жена, кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА, а со нив ќе испрати и „северномакедонски астронаут“.

– Ќе поднесеме апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам сѐ што е возможно да испратам маж и жена, кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам сѐ што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре кон ѕвездите – изјави Слави Трифонов.

Неговиот политички противник, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, порача дека тие не се занимавааат само со НАСА и астронаутите.

– Бугарин и северномакедонец во вселената – вака се случува во „Војна на ѕвездите“, се пошегува поранешниот бугарски премиер.

На пребројани 98,92 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, ИТН е во тесно водство пред партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, покажуваат резултатите на ЦИК. Партијата на Трифoнов има 23,91 отсто од гласовите, додека ГЕРБ на Борисов – 23,69 отсто. Тоа значи дека разликата меѓу нив е само 5.908 гласа.