Најблиската пријателка на Витни Хјустон открива дека биле во лезбиска врска

38

Една од најдобрите пријателки и блиски соработнички на Витни Хјустон, Робин Крафорд, наскоро ќе ја објави книгата ‘„ Песна за тебе: Мојот живот со Витни Хјустон„, во која таа раскажува за нејзините мемоари и љубовта со славната епјска.

Во книгата  ја опишува врската која ја имала со поп-дивата. Робин открива дека Хјустон ја оставила затоа што сакала да се посвети на кариерата. Поп-дивата се плашела дека во јавноста ќе ја обележат како лезбејка и тоа негативно ќе се одразело на неа, вели Крафорд.

„Никогаш не бевме етикетирани како лезбејки. Ги живеевме нашите животи и се надевавме дека засекогаш ќе останеме заедно“, открила Робин.

Двете се запознале летото 1980 година во Њу Џерси. Како тинејџерки работеле во летен камп. Нивната врска завршила во 1982 година. И покрај тоа што раскинале, останале добри пријателки.

„Да бидам со Витни Хјустон беше остварување на мојот сон“, вели Крафорд.

Робин вели дека подоцна ѝ било жал што морала да ја гледа нејзината пријателка како ги менува мажите, а била загрижена и поради нејзиниот проблем со дрогата. Џермејн Џексон, Еди Марфи и Боби Браун, беа дел од мажите со кои пејачката се забавуваше. Најтешкиот дел од животот на Крафор бил во 2000 година, кога решила да даде отказ и да се тргне од животот на пејачката.

„Морав да побегнам од тоа. Морав да се спасам  себеси“, изјавила Крафорд.

Мемоарите на Робин се очекува да бидат објавени за пет дена.

Извор: Репортер