Легендарниот кошаркар на Бостон селтикс и еден од најдобрите на сите времиња, Бил Расел, кој има дури 11 шампионски титули како играч и тренер, направи несекојдневен но гест за почит.
Кошаркарот кој е единствен во историјата на НБА што има повеќе шампионски прстени отколку прсти на рацете, Бил Расел, на кого ЛА Лејкерс му беше најголем ривал, на 86 години направи гест за почит.
Bill Russell wearing purple and gold in honor of Kobe Bryant 🍀 pic.twitter.com/PiI2GloYn0
— Celtics on NBC Sports Boston (@NBCSCeltics) February 23, 2020
Расел на свои 86 години за прв пат облече дрес на Лос Анџелес лејкерс за да му оддаде почит на Коби Брајант. Тој присуствуваше на дербито помеѓу Лејкерс и Бостон, на себе го имаше дресот со број „24“ во чест на Брајант.
Комеморацијата во чест на трагично загинатиот Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, кои настрадаа заедно со уште седум лица во хеликоптерска несреќа минатиот месец ќе се одржи денеска. Датумот е симболично избран, 24.2, тоа се бројките кои ги носеа Брајант и неговата ќерка.