Најмалку четворица повредени при експлозијата во Милано

0

Во денешната експлозијата во центарот на Милано повредени се четири лица.

Несреќата се случи откако експлодирал паркиран камион, што транспортирал 20 канистери со кислород.

Италијанскиот весник Република објави дека експлозијата на камионот предизвикала „домино ефект“ односно огнот се проширил врз други возила, како и аптека и неколку станови.

Во тек е евакуација на жителите од соседните куќи, училиште и старски дом.