Оваа 2020 година беше најсмртоносна година до сега во историјата на САД. Првпат во оваа земја има три милиони слични случаи, а значајно придонесе пандемијата на коронавирус.
Конечните податоци околу стапката на смртност за оваа година нема да бидат достапни уште неколку месеци, но прелиминарната статистика покажува дека САД се на пад да имаат повеќе од 3,2 милиони срмтни случаи во оваа година, или најмалку 400 илјади повеќе од 2019 година.
Бројот на смртни случаи во САД се зголемува скорео секоја година, но броевите во 2020 година се зголемија за околу 15%. Тој раст би можел да биде голем, после обработените податоци овој месец.
Ова би можело да биде најголем процентуален скок во бројот на смртни случаи од 1918 година кога десет илјади американски војници настрадаа во Првата светска војна, а стотици илјади починале од пандемијата на грип. Смртните случиа таа година се зголемени за 46%.