На Мијалков му застари едно од кривичните дела во “Таргет и Тврдина”

5

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по повод изјавените жалби на обвинетите по сите основи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повод изречените кривични санкции и казни, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат во јавноста како „Таргет – Тврдина“.

На седницата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје го презентираше писмениот предлог со кој се предлага сите изјавени жалби да се одбијат, а по повод жалбата на обвинетиот С.М. и по службена должност Апелациониот суд Скопје да ја запре постапката за кривичното дело од член 359 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик поради настапена апсолутна застареност на кривично гонење и следствено на тоа да интервенира во одлуката за казна, додека во останатиот дел пресудата да се потврди.​