На полицијата не и е јасно како Тајгер Вудс останaл жив

19

Американскиот голфер Тајгер Вудс е надвор од животна опасност по сообраќајната несреќа во Лос Анџелес, каде излета од патот со совјот автомобил од кои беше извелчен со помош на пожарникари. Веднаш по неговото извлекување беше однесен во најблиската болница каде што му беа направени неколку хирушки и нтервенции и повеќе нема опасност по неговиот живот.

Пожарникарите открија дека голферот се обидел сам да излезе од автомобилот, но не можел, бидејќи бил приклептен и имал сериозни повреди на двете нозе.

Господин Вудс има тешки повреди на нозете, особено на десната на која има две отворени скршеници. Коските му ги поврзавме со шипка и штрафови, а најтешко поминаа зглобовите и стапалата. Отечени му се мускулите и целото меко ткиво кое моравме да го ослободиме со сечење на кожата, изјави Аниш Махаја, шеф на болницата каде што беше опериран голферот.
Полицијата на прес – конференција изкави дека се уште трае истрагата за тоа како Вудс излетал од патот.

Несреќата се случила на стрмен пат со многу лоши свиоци каде луѓето често заради преголема брзина ја губат контролата на своите возила. Верувам дека брзината била главната причина за оваа несреќа. Нема никакви сознанија дека возачот бил под дејство на алкохол или пак некакви други лекови. Утврдивме дека возилото прво ја удрило заштитната ограда, преминало преку двете ленти се превртело неколку пати и застанало стотина метри покрај патот. Немаше никакви траги од пролизгување или кочење, а времето беше суво. Искрено не знам како Вудс останал жив, но имал многу среќа. Сигурно му помогнале појасите со кој бил врзан и бројните воздушни перничиња кои се отвориле при несреќата, изјави Алекс Вилануев, шефот на полицијата во Лос Анџелес.
Вудс, кој живее на Флорида во Лос Анџелес дошол заради одржување на голф турнир на неговата фондација, а требало да присувствува и на снимање со бројни американски спортисти, но не се појавил, ниту пак се јавил, а организаторите подоцна дознале дека имал тешка сообраќајна несреќа.