„На светот му требаше ова“: Светски познатите „АББА“ се враќаат со нова музика

15

Шведскиот бенд „АББА“ неодамна отвори нова веб-страница насловена како „Abba Voyage“, најавувајќи нова музика по 39 години.

Од нив се очекува „холограмска турнеја“ што „АББА“ првично ја најави во 2016 година. Од бендот исто така се очекуваат пет нови песни вo склоп на албумот „Voyage“ кој официјално ќе биде достапен на 5 ноември.

Квартетот – Агнета Фелтског, Ани-Фрид Лингстад, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон – се вратија во студиото во 2018 година, ветувајќи две нови песни подоцна истата година.

Тие песни, „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“, беа одложувани постојано и бендот сега планира да објави пет песни за да им се заблагодари на фановите за трпението.

Денес на официјалниот јутјуб-канал на „АББА“ се појави песната „I Still Have Faith In You“ која веќе има 1.056.372 прегледи.