На свечена Академија ќе бидат доделени наградата и повелбата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид

10

На свечена Академија, што по повод празникот Св. Климент Охридски – Заштитникот на Охрид, ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот, ќе бидат доделени наградата и повелбите Св. Климент Охридски – Патрон на градот. Воедно средното училиште „Св. Климент Охридски“ ќе го одбележи патрониот празник.

Највисокото општинско признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно се доделува на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски, со што му се оддава должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.

На свеченоста ќе бидат доделени и две повелби „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“, на Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „Кочо Рацин“ за остварувања во образованието, како наставник, едукатор, креатор на иновативни идеи и реализатор на повеќе проекти со меѓународна верификација и на Планинарската спасителна служба за успешното етапно реализирање на трансграничниот проект за спасување на планина, со што видно придонесува во збогатувањето на туристичката понуда и безбедно одвивање на разните активности, пред се на планината Галичица.