На социјалнaта мрежа „Тик Ток“ објавена снимка на момче кое брутално го тепаат и снимаат

16

На апликацијата Тик Ток се појави видео на кое се гледа напад на младо момче. Видеото кое е со траење од 15 секунди е споделено од профил со име @problem1.

На него јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат, а исто така можат да се забележат и две знамиња.

Дали момчето се здобило со повреди, кои се причините за тепачката треба да одговорат институциите. Засега е непозната и точната локација и кога е направено видеото. Од МВР само кратко велат:

Министерството за внатрешни работи постапува за расчистување на случајот и по расчистувањето ќе ја известиме јавноста.

Видеото предизвика и големи реакции во јавност и на социјалните мрежи. Околу самата појава на популарноста вакви видеа на кои се гледа насилство да се споделуваат и на социјалните мрежи ги запрашавме и дел од психолозите. Психологот Јасмина Јонуз за Канал 5 вели дека станува збор за имитирање на лошите примери на социјалните апликации.

Неодамна на апликацијата Тик Ток се појави и видео кое го објави малолетник а на кое се гледа како потпалува шума на јавна површина. Откако беше утврден неговиот идентитет беше приведен.