На Франција и се заканува четврти бран на пандемијата Ковид-19

12

Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, апелираше до што поголем број Французи да примат вакцина против коронавирус и предупреди дека земјата може да се соочи со нов, четврти бран на пандемија до крајот на месецот, поради заразниот, „делта“ сој.

Веран на Твитер изјави дека стапката на инфекција не опаѓа веќе пет дена, напротив, повторно се зголемува поради „делта“, сојот на коронавирусот.

„Примерот на Велика Британија покажува дека четвртиот бран на пандемијата е можен од крајот на јули“, изјави Веран.

Тој додаде дека вакцинацијата во Франција мора да се спроведе побрзо.

„Нашата земја е во трка со времето“, предупреди тој.

Реагирајќи на изјавите на британскиот министер за здравство, професорот Стивен Рајкер, од Универзитетот Сент Ендрус, напиша на Твитер: „Застрашувачки е што имаме министер за здравство кој сè уште мисли дека ковид е грип. Кој не е загрижен за нивото на инфекција. Кој не разбира дека оние што прават најдобро за здравјето, прават најдобро за економијата. Кој сака да ги отфрли сите заштити, додека само половина од нас се вакцинирани “, изјави тој.

Некои научници, сепак, веруваат дека олеснувањето на ограничувањата, иако не без ризик, има смисла.

Пол Хантер, од Универзитетот во Источна Англија, вели дека ревакцинираните луѓе имаат помала веројатност да се заразат, тогаш тие имаат и помала веројатност да заразуваат други луѓе.

Британскиот премиер Борис Џонсон денес ќе ги претстави плановите за последните чекори во процесот на олеснување на заклучувањето во Англија.

Сепак, официјалните податоци укажуваат на зголемување на бројот на новоинфицирани, но исто така и дека, благодарение на вакцинацијата, односот на хоспитализирани и смртни случаи е подобрен.

„Напредуваме внимателно, но морам да предупредувам дека пандемијата не е завршена и дека бројот на новозаболени продолжува да расте“, рече Џонсон.