НБА лигата целосно ќе го повлече дресот со број шест во чест на Бил Расел

3

НБА ќе му оддаде уникатна почит на неодамна починатиот Бил Расел така што ќе го повлече дресот со број шест од целата лига. Легендата на Бостон Селтикс и најтрофеен кошаркар во историјата на НБА лигата почина минатиот месец на 88 години.

Активните кошаркари кои го носат овој дрес, како Леброн Џејмс, и натаму ќе можат да го користат, но тој нема да се издава на нови играчи.

Расел освои 11 шампионски титули и пет пати беше прогласен за МВП за време на 13-годишната кариера во Бостон. Тој исто така беше капитен на селекцијата на САД кога го освои олимпиското злато во 1956 и подоцна стана прв црн тренер во лигата.

„Неспоредливиот успех на Бил Расел на теренот и неговиот пионерски активизам за граѓански права заслужуваат да бидат почестени на уникатен и историски начин“, изјави комесарот на лигата, Адам Силвер.

Расел е првиот играч во чија чест се повлекува еден број од целата лига.