НБА: Феникс и покрај осумте победи остана без доигрувањето, а Сан Антонио по 22 години го пропушта

14

Кошаркарите на Феникс Санс ноќта кон петокот остварија уште една победа, но и покрај тоа што се единствениот непоразен тим во продолжувањето на сезоната кое се игра во Орландо, со сооднос 8 – 0, останаа без можноста да играат во плеј-офот на најсилната лига на светот.

На Фениск му беше потребен пораз на Портланд или на Мемфис, но и двете екипи остварија победи и затоа за последното место коешто води во доигрувањето ќе се борат Портланд Трејл Блејзерс и Мемфис Гризлис. Разигрувањето меѓу овие две екипи потенцијално би можело да има два меча, а на Портланд му е доволна една победа, додека Мемфис би требало да слави во двата дуела. Доколку Портланд во сабота победи ќе настапи во доигрувањето, а евентуалниот втор натпревар би се играл во недела.

Феникс Санс ги добија Далас Маверикс со 128:102, благодарејќи на 27-те поени на Девин Букер. Словенецот Лука Дончич за Далас одигра овојпат само 13 минути, во кои постигна 18 поени со 5 скокови.

Сан Антониот Санс се поразани од Јута Џез со 112:118 и по 22 последователни сезони првпат нема да влезат во доигрувањето.

Портланд во возбудлива завршница го совлаата Бруклин со 134:133, а повторно одличен беше Демиен Лилард кој постигна 42 поени. Си Џеј Меккалам постигна 25 поени, а Јусуф Нуркиќ 22 поени и 10 скокови.

Мемфис го победи Милвоки со 119:106 благодарејќи на разиграниот центар Јонас Валанчиунас, кој постигна 16 коша, 19 скокови и 12 асистенции, додека најдобриот играч на Бакс, Јанис Антетонкумо одмараше.

Во првото коло од доигрувањето на Истокот ќе играат Милвоки – Орландо, Торонто – Бруклин, Бостон – Филаделфија и Мајамо – Индијана.

На Западот се познати три тројки, Лос Анџелес Клиперс – Далас, Денвер – Јута и Оклахома Хјустон, додека Лејкерс ќе се соочат со подобриот од дуелот меѓу Портланд и Мемфис.

Резултати од НБА:

Бостон – Вашингтон – 90:96
ЛА Лејкерс – Сакраменто – 122:136
Мемфис – Милвоки – 119:106
Феникс – Далас – 128:102
Јута – Сан Антонио – 118:112
Бруклин – Портланд – 133:134
Орландо – Њу Орлеанс – 133:127

Источна конференција

1. Милвоки 56 победи / 17 порази
2. Торонто 52/19
3. Бостон 48/24
4. Мајами 44/28
5. Индијана 44/28
6. Филаделфија 42/30
7. Бруклин 35/37
8. Орландо 33/40
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
9. Вашингтон 25/47

Западна конференција
1. Л.А. Лејкерс 52 победи / 19 порази
2. Л.А. Клиперс 48/23
3. Денвер 46/26
4. Хјустон 44/27
5. Оклахома Сити 44/27
6. Јута 44/28
7. Далас 43/32
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
8. Портланд 35/39
9. Мемфис 34/39
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
10. Феникс 34/39
11. Сан Антонио 32/39
12. Сакраменто 31/41
13. Њу Орлеанс 30/42