Неделков: МТСП врши обид да ги заплашува штрајкувачите во градинките

0

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков ја информираше јавноста преку неговиот профил на Фејсбук за текот на штрајкот.

Неделков објави кратка порака и порача дека МТСП вршело обид за заплашување на штрајкувачите во градинките.

„Добро утро, добар ден.

Четврти ден од почетокот на штрајкот во градинките и училиштата, без понуда за зголемување на платите. Наместо наоѓање на решение на проблемот, МТСП врши обид да ги заплашува штрајкувачите во градинките со разноразни дописи. Почит и поддршка до сите вработени во градинките и училиштата кои се во штрајк и препорака да го прочитате текстот од химната на СОНК. Се ви е кажано!
Во сите времиња, зад секоја бура,
зад нас стои синдикат
за образование, наука и култура (X2)
Во сите преговори, во сите договори,
во село и во град,
СОНК е моја заштита
мојот синдикат.
Реф:
Ние сме секогаш заедно,
одиме со крената глава,
СОНК се бори! Се ќе стори!
За нашите права.
Бидете со нас! А не за нас!
СОНК е клетва и заклетва !
И под притисоци и громови чести,
решаваме проблеми,
со преговори или штрајкови
и протести.
Реф:
Ние сме секогаш заедно
одиме со крената глава,
СОНК се бори! Се ќе стори!
За нашите права.
Бидете со нас! А не за нас!
СОНК е клетва и заклетва!“, напиша Неделков.