Нема да добие нов договор, Јувентус ќе го стави Роналдо на продажба?!

13

Според шпанскиот весник „Спорт“, Јувентус не размислува да му понуди нов договор на Роналдо, напротив тие сакаат да го продадат следното лето.

Кристијано Роналдо добива годишна плата од 31 милион евра, а раководството на Јувентус не мисли дека Португалецот прави толку голема разлика на теренот за да продолжи да ги добива истите примања.

На Јувентус не му оди најдобро во воведниот дел од оваа сезона, а некои ја оценуваат играта на Роналдо како премногу себична.

Јувентус го ангажираше Роналдо за да ја освои титулата во Лигата на шампионите, но тоа засега не се случува. Оваа сезона веројатно ќе му биде последна шанса за таков успех.

Дополнително на одлуката влијаела кризата со ковид-19, клубот гледа да ги намали трошоците бидејќи ги чувствуваат загубите на значаен дел од приходите, особено оние кои вообичаено доаѓаат од полниот стадион.

Актуелниот договор на Роналдо со Јувентус е до 2022 година, клубот сака да го продаде следното лето со цел да добие некоја сума и како осбесштетување.