Нема коалиции без Албанци?

31

Се чини дека стратегијата во која игра СДСМ е да овој пат не оди во коалиција, само со минорни партии, туку да вклучи и некоја од најголемите албански партии. Малите партии можат да соберат некои гласови, но „кантарот“ го тежи „тегот“ на некоја голема партија.

 Од Даут ДАУТИ

  1. Стратегија за предвремени избори

Дали Зоран Заев е толку наивен што ја води земјата на предвремени избори?

Ова прашање многумина го има поставено деновиве откако премиерот сам предложи, а тоа опозицијата долго го бараше, дека после „неуспехот“ на самитот на ЕУ, значи, да се организираат предвремени избори. Прашањето е логично, затоа што ретки се владите да бараат предвремени избори на неповолен момент за неа. Додека за Заев, речиси дека нема некое поголем успех, за да го користи како политички капитал на овие избори. Иако, низата на неисполнувањата на ветувањата може да биде помала од тоа што е реализирано (како некој може да го продолжи или скрати „низата“), но нивната тежина е поголема што може да го казнува. Вети и ја убеди целата јавност дека „датумот е завршена работа“, а излезе спротивното. Вети борба против корупцијата, но низа афери во текот на овие години на неговото владеење имаат сопствена именка од неговата партија како осомничени. Сега го одолжи уште еден од надежните ветувања, прогресивниот данок, кој беше презентиран како нешто што ќе го поддржува развојот. Зголемувањето на платите во администрација, образование, здравство (кога кутрите лекари ќе ги добијат тие европски плати за да не бегаат во Европа?) како успеси, можат да бидат мали во споредба со тие на парите. Најголем успех на владеењето на Заев, затворањето на споровите со Грција и Бугарија, како успех го третираат меѓународните претставници, а не граѓаните, кои го изразија нивната „возбуда“ и го изразија со воздржаност на референдумот за промена на името. Што е уште полошо, и покрај сите овие болни компромиси, изостана на крајот очекуваната награда од ЕУ… Значи, маки колку што сакаш, додека Заев оди на предвремени избори?

Колку што сум  ги следел медиумите во последниве месеци, не сум забележал некоја анкета што ја става СДСМ пред ВМРО? (Можеби партиите ги имаат нивните внатрешни анкети со други проценти…). Тоа треба да биде политичко самоубиство … ако, нема во подтекст некое оптимистичко очекување, дека со одењето на предвремени избори, граѓаните ќе го оценуваат како чин на политичка доблест преземањето на одговорноста за неуспехот на Самитот во Брисел и фактот дека разочарувањето така се дели заедно со народот, како што изјави Заев.

Меѓутоа, Заев не е толку наивен за да му ја исполни долгогодишната желба на опозицијата и да го казни себеси. Има некои поволни околности што можат да му одговараат на неговата цел, за  да остане и понатака на чело на владата. Можеби, единствената шанса за тоа е коалицијата, а донекаде и изборниот законик.

Коалициите, секако, се придружен феномен на секои избори. Тие, најчесто се во македонскиот блок, каде ВМРО од една страна и СДСМ од друга страна, прават коалиции што му лични на изразот од Дервен, „како арабата со трње“! Тоа што се движи е арабата (кочијата), додека товарот се трњата, и тоа, според говорот од моето село, „трња за магариња“,трња за плот, трња „капинки“, разни други трња, … „преведено“ на разбирлив јазик , изгледа дека кочијата (локомотивата), со надеж дека ќе му биде потребна, повеќе има товарот отколку, придобивка. Но, ете, тие сакаат да го градат имиџот на една сила со широка поддршка на нивната политичка платформа, и затоа ги собираат „кучињата и мачките“. Повеќе се чини дека создаваат илузија, отколку што соберат гласови со нив. Се чини дека стратегијата на која игра СДСМ е да овој пат не оди со коалиција само со мали партии, туку да  вклучи и некоја од најголемите албански партии. Малите партии можат да соберат по некои гласови, но „кантарот“  го тежи „тегот“  на голема партија. Со „минусите“ што се чини дека и се напишани на СДСМ, потребна е помош што не можат да им ја обезбедат „џуџе“ партиите. Надежта да ја имаат таквата партија, сигурно дека ќе биде дел од „победничката стратегија“. Можеби, во стратегијата е калкулиран и менувањето на изборниот законик, со една изборна единица, што ја посакуваат помалите партии, кои се надеваат дека ако соберат гласови од целата земја, можат да го преминат изборниот праг. Со такви партии, секако дека коалициите ќе ги имаат, со плус некоја поголема од албанскиот блок, и ете, победничката формула.

Математиката е тоа, иако во првите најави, ДУИ се покажа како резервирана, која претпочитува партиите да не го губат етничкиот карактер. Меѓутоа, никој не може да ја исклучува апсолутно шансата за победа што го овозможува коалицијата меѓу големите партии од македонскиот и албанскиот блок. Политичката трка има смисла ако сака да ја постигне целта, не е само да се трка, по кој ќе победи.

Математиката на СДСМ и нејзиниот лидер, сепак, може да им ја расипува ВМРО, иако остана во својот „свет“, едно што го има јасно, дека иако пред, или после изборите, без албанските партнери ќе го има тешко да се врати на власт. Таа е малку и во потешка состојба да го придобие некоја албанска партија, имајќи го во предвид расположението и ставот на Албанците против ВМРО, што може да се казнува таа партија што ќе и се придружи на ВМРО. Од друга страна, не е без вина ниту лидерот Мицковски, кој не успеа или не сакаше да го избрка од ВМРО „злобниот дух“ што ги иритираше со децении Албанците. Бедна е таа албанска партија што ќе се приближува со оваа партија. Во оваа ситуација, секако, дека Заев пресметува дека ќе го победува ВМРО, владата ќе го состави тој, поради поголемата блискост со Албанците, иако и тој знае дека само како изборно тело, без силна партија во коалиција, нема да победува лесно, и покрај оптимизмот што тој го изрази деновиве дека повторно ќе го победува ВМРО.

Победничката формула веќе е тестирана, не еднаш, туку двапати, на последните локални и претседателски избори, со предизборна коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, додека тајно, скоро на сите избори одржани до сега.

  1. Кога ќе се сопнеш, не можеш да се запираш

Доброто доаѓа влакно по влакно, а лошото како кадела-кадела… така вели една народна поговорка. Ова се гледа од ден на ден со згаснувањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) после аферата „Рекет“ и подигнато обвинение против главната обвинителка, Катица Јанева. Не што ги разочара сите оптимисти дека Катица ќе донесе правда (во меѓувреме излезе шпекулацијата дека таа спречувала готов предмет за криминал во проектот „Скопје 2014“!), не што заврши во притвор за тој мебел од 5 илјада евра и неколку други „ситници“, но нејзиниот притвор остави правен вакум и стотици вработени во СЈО (за обвинителите немаше проблем, се вратија на претходните работни места),веќе два месеци нема кој да ги потпише нивните месечни плати. Сега уште полошо од нивната најава дека ќе ја тужат државата за отштета што ги остави во таков вакум. Тие ги оставија партиите во вакум, партиите што не можеа да се договорат за преодно законско решение и заради нивните услуги (хирови),  државата треба да плати! Кога се судираат стеблата,страдаат грмушките!

Како што вели другата поговорка, злото никогаш не доаѓа сама….

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)