Нема потреба од ново запишување на децата во градинки

25

Скринингот во градинките е во финална фаза, останати се уште неколку градинки кои треба да го поминат скринингот за вработените, потврдува министерката за труд и социјална политика. Протоколите за работа на градинките се усвоени од владата и се доставени до сите градинки. Сега се чека одлуката за започнување на работата на градинките да ја донесе Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. До моментот на отворање на градинките, времените мерки за родителите кои се дома и ги чуваат своите деца остануваат на сила, се со цел да има кој да се грижи за децата.

„Во однос на постапката за упис таа не е запрена, комуницирано е со сите градинки согласно законот, си тече постапката. Она што согласно протоколите го регулираат бројот на деца кои што може да ги има во една група. Нема потреба од отпишување и повторно запишување, ниту пак постапката за упис е запрена“, рече Санела Шкријељ министерка за труд и социјална политика.