Неочекувана последица од заразата со коронавирусот

58

Лицата кои страдаат од подолготрајна форма на Covid-19, посочиле на необични последици од инфекцијата со коронавирусот, пренесува Sky News.

Пациентите кои минале низа „долготрајната коронаинфекција“, се пожалиле на еден невообичаен симптом, односно паросмија или чувството на непостоечки мирис. Посебно, многумина од пациентите пријавиле дека имале чувство на „одвратен“ мирис на риба, сулфор или дразбата ја опишале како „слаткаст непријатен мирис“.

Ваквиот несакан ефект се објаснува со фактот дека коронавирусот SARS-CoV-2 е во групата невротропни вируси.

„Тој влијае врз нервите во непцето, тоа е како шок за вашиот нервен систем“, појаснува професорот Нирмал Кумар.

Добротворната организација за поддршка на лица со нарушувања во сетилото за мирис AbScent, собира информации од илјадници пациенти со аносмија и паросмија со цел да се помогне во развојот на соодветните терапии.

Експертите во организацијата советуваат секој што страда од паросмија треба да мине ткн „обука за мирис“, што подразбира според нив вдишување на мирис на роза, лимон или каранифилче секој ден по 20-ина секунди, за постепено враќање на сетилото за мирис.

Со поимот „долготраен Covid“ се опишуваат последиците од коронавирусот кои може да траат со седмици или месеци по почетокот на заболувањето.