НЕСРЕЌА ВО ИРАН: За време на тестирање се сруши авион на иранската армија (ВИДЕО)

5

Иранско воено летало падна на планината Сабалан, во провинцијата Ардебил, потврдено е за агенцијата ИРНА.

Спасувачки тимови се испратени на локацијата, каде работат во потрага за преживеани во несреќата.

Според непотврдени информации, станува збор за реновираното воено летало „MiG-29“ кое полетало од воената база Табриз. Се верува дека во несреќата загинал полковникот Рахмани, додека го тестирал авион.

Очевидци наведуваат дека станува збор за борбен авион на иранската војска, како и дека истиот паднал во средиштето на еден вулкан кој во моментов не е активен.

Официјалните лица за ИРНА информираа дека повеќе детали околу инцидентот ќе бидат објавени откако ќе се заврши истрагата.