Нетанјаху вети дека нема да се повлече, обвинението за корупција е државен удар

13

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече обвинението за корупција „државен удар”, ветувајќи дека нема да се „повлече”.

Јавниот државен обвинител Авичаи Манделбит вчера изјави дека покренува обвинение против најдолговечниот премиер во израелската историја за корупција, измама и злоупотреба на довербата во три одделни случаи.

„Ова е обид за државен удар насочен против премиерот“, рече Нетанјаху, прв израелски премиер обвинет за време на вршење на должноста, повикувајќи да се „истражат истражители“ кои ја воделе истрагата против него.

На прес-конференција во Ерусалим, со одмаздлив тон ги осуди „лажните обвиненија мотивирани од политички причини“ со кои сакаат да биде „соборен“. Но, тој предупреди: „Не сум подготвен да се повлечам“.

Во главниот случај, Нетанјаху е обвинет за фаворизирање на сопственик на телеком компанија во замена за позитивно известување од еден медиум во состав на групацијата.

Во другите два случаи, тој е осомничен дека од милијардер примил скапоцени подароци и дека сакал да си обезбеди поволни написи во најголемиот дневен весник во земјата.

Нетанјаху (70) сè уште е на функцијата премиер затоа што неговиот ривал, центристот Бени Ганц, не успеа да формира коалициска влада по изборите во септември.