Нетфликс бомбардиран од критики поради филм што поттикнува педофилија

6

Филмот е за неколку 11-годишни деца од Сенегал што живеат во Франција, и се здружуваат во женска танчерска група. Според критикувачите, сцените со настапите на малите девојчиња, имаат силен сексуален контекст.
Популарната стрим-платформа Нетфликс е под силни критики по објавувањето на филмот „Mignonnes“ („Cuties“, „Слатки девојчиња“), што според многумина, промовира и поттикнува педофилија.

Филмот е за неколку 11-годишни деца од Сенегал што живеат во Франција, и се здружуваат во женска танчерска група. Според критикувачите, сцените со настапите на малите девојчиња, имаат силен сексуален контекст.

Од друга страна, пак, на интернет-страницата „Ротен томатос“, филмот има и позитивни критики.

На ИМДБ, филмот засега е оценет 1,7 / 10, што е доста ниска оценка.