Не го провоцирајте Ибрахимовиќ: Јас не се чувствувам како лав, јас сум – лав (ВИДЕО)

18

Без разлика на возраста, Златан Ибрахимовиќ продолжува да воодушевува, откако синожа беше најзаслужниот за триумфот на Милан во градското дерби против Интер (2-1) и тоа само десетина дена откако го прележа коронавирусот.

По мечот тој беше прашан за гестикулацијата по вториот гол, која ја испрати кон трибините.

„Некој од публиката постојано ме провоцираше, па му порачав дека е ова за него. Јас не се чувствувам како лав, јас сум лав. Среќен сум од победата, но ова е само почеток на сезоната. Дали постои можност да се освои скудетото? Зошто да не, само треба да веруваме во тоа“, изјави Ибра.

Со овој триумф, Милан е лидер на табелата и останува единствен калчолигаш со максимален број бодови по четири одиграни кола.