Не престануваат дојавите за бомби во Србија – денеска цел се училиштата во Ниш

1

Во Ниш нешто по 7 часот во неколку училишта пристигнале дојави за бомби, поради што сите оние што почнале со настава биле евакуирани, а децата се вратени дома, додека другите се известени со пораки да не доаѓаат.

Од полициската управа не го наведуваат точниот број на училишта, но велат дека ги има повеќе, а на списокот има многу основни училишта во различни делови на градот. Екипите се на терен и реагираат на сите пријави.

Исто така, порталот 021.rs објави дека дојава за бомба пристигнала и во неколку училишта во Нови Сад, како и во целата Јужнобачка Област.

Н1 објави дека во едно од училиштата дојавите дошле од платформата „Јандекс“ со ознака „Важно“ во насловот, под која е пораката што започнува со зборовите „…на училишната територија се поставени многу бомби“.

Српските истражни органи досега идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта од кои се испраќани дојавите за наводно поставени бомби на различни места низ Србија, но и од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.