Николовски ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии

9

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за мали семејни винарии.

Грантот, како што соопштуваат од МЗШВ, е за набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице енолог во овие винарии.

На настанот, што ќе се одржи во хотел Парк во Неготино, ќе се обрати министерот Николовски.