Нинова: БСП ги прекинува разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за состав на новата бугарска Влада

5

 

Лидерката на бугарската Социјалистичка партија, Корнелија Нинова попладнево изјави дека одлучиле да ги прекинат сите разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за формирање нова влада во земјата.

-Донесовме одлука за прекинување на разговорите со ГЕРБ – ниту за учество, ниту за поддршка, изјави Нинова пред новинарите во Софија.

„Доста направивме, хаосот и лицемерието што го демонстрираат не може да продолжи, барем за нас“, коментираше  таа.