Ништо од љубовта! Елена Ристеска му раскина на тетовираното момче! (ФОТО)

100

Една од нашите најпознати пејачки, Елена Ристеска по неколку месеци врска стави крај на романсата со скопскиот угостител Филип Арсовски.

Според озборувањата во скопската чаршија причината за разделбата билo наводно неверство.

Парот пред да ја започне својата врска беа добри пријатели, а дека Ристеска имала сериозни намери со него потврда е и фактот што тој ѝ беше првото момче по развод со Бојан.

Инаку Елена последниов период е посветена на работа и нејзиниот фокус на внимание е насочен кон козметичката линија која што наскоро ќе ја пласира во продажба.

Ристеска зад себе има еден брак, а пред повеќе од една година во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ се соголи и раскажа се за причините за пропаѓањето на истиот.