Новак Ѓоковиќ користел валиден ПЦР тест за влез во Австралија

9

Првото основно јавно обвинителство во Белград утврди дека Новак Ѓоковиќ користел валиден ПЦР тест за влез во Австралија.

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава потпишана од Будимир Гром во која се наведува дека непознати лица му направиле фалсификувана исправа – ПЦР потврда, која Новак Ѓоковиќ подоцна ја искористи како изземање за настап на Австралија опен.

„Пријавата во обвинителството беше поднесена на 12. јануари по електронски пат против лицето НН поради извршено кривично дело фалсификување исправа“, соопшти обвинителството.

Обинителството потоа ги направило неопходните проверки, ги собрало и потребните информации од Министерството за здравство на Србија и заклучило дека тестот е регуларно направен и исправата е валидна.

„Со преглед во електронската база на податоци за извршени тестирања за присуство на ковид-19 вирусот, утврдено е дека Ѓоковиќ повеќе пати е тестиран и резултатите од тестирањата на 16. и 22. декември 2021 година се валидни“, потврдува обвинителството.