Нова „бомба“: Николоски брани згради на Усеини во Охрид, тој одработувал за ВМРО на избори

10

На Јутјуб се појави нова аудио снимка од разговор меѓу Миле Јанакиески и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. Јанакиески му се јавува на Николоски за да го праша за простор во Охрид, а Николоски му одговара дека тоа место веќе е договорено за Нефи.

„Има некој план за Охрид, накај Даљан, Гранит зградите што се“, вели Јанакиески, а Николоски одговрара „О, никако, тоа е од Нефи, овој бандитов, Албанецот, тоа му е дел за избориве. Никако, молим те“.

Нефи Усеини кои се споменува во снимката е член на Советот во Општина Охрид. Миле Јанакиески беше министер за транспорт и врски во Владата на Никола Груевски, а Александар Николоски е носител кандидатрската листа за пратеници на коалицијата „Обнова на Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4 за претстојните парламентарни избори.