Нова викенд забава – млади се журкаат во Скопје без почитување на протоколите

17

Нова викенд забава со прекршување на здравствените протоколи. На снимките кои беа испратени до Сител се гледа дека во кафе бар во скопската населба Тафталиџе. Поголем број млади се забавуваат без маски, ниту држат соодветно растојание. Настанот синоќа бил пријавен и во Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите по направениот вонреден надзор најавија кривична пријава за угостителскиот објект.

-При една дојава телефонска извршен е инспекциски надзор на кафе барот 101 на улуцата Митрополит Теодосие Гологанови притоа беше контатирано дека има организирано забава со диџеј поголема група на млади луѓе собрано со гласна музика и тие повеќето беа на нозе. И колегите наши согласно протоколите на Владата контатираа прекршување на протоколот за што ќе биде поднесена кривична пријава, изјави за Сител Џелал Максути, од Државниот пазарен инспекторат.

Од ДПИ велат дека немаат ингеренции да ги казнуваат гостите за не носење маски и не држење дистанца. Тоа може да го санкционира само полицијата, од каде не добивме одговор дали синоќа интервенирале на оваа локација. За прекршувањето на протоколите пак од пазарниот инспекторат изјавија дека не можат да го затворат кафе барот туку имаат надлележност да поднесат само кривична. Затоа и во текот на денот кафе барот беше отворен.

Кривични пријави синоќа заработите и угостителски објект на Кеј во ГТЦ и во Илинден. Локали во Битола, Велес, Струга, Тетово. Во Прилеп биле затворени 2 објекти, а во Пробиштип каде се организирал фестивал, не биле почитувани здравствените протоколи.

Снимките можат да се видат на прилогот.