Нова седница на Владата во 15 часот, ќе бидат разгледувани нови мерки во врска со коронавирусот

54

Владата денеска во 15 часот ќе одржи седница на која се очекува да бидат разгледувани мерки во врска со прогласената вонредна состојба за справување со коронавирусот, откако денеска беше објавено дека во два нови града Велес и во Прилеп, има заразени од вирусот.

За заклучоците од седницата, Владата ќе информира со соопштение веднаш штом таа ќе биде завршена.

Се очекува да се обрати и министерот за здравство Венко Филипче околу новите информации за Ковид-19 во Македонија.