Нова шлаканица за САД: Австралија го совлада „дрим-тимот“ (ВИДЕО)

7

Кошаркарите на Австралија приредија големо изненадување совладувајќи го фаворитот САД со 91:83 на пријателски натпревар во Лас Вегас, со што му го нанесоа вториот пораз за само три дена, по сензацијата на Нигерија (90:87).

Да бидат работите уште полоши за Американците, ова е првпат да претрпат два порази по ред на подготвителните натпревари од 1992 година.

Оттогаш тие имаа само вкупно два порази, а дури 54 победи…

Австралија практично губеше во текот на целиот натпревар, со 11 поени разлика во финишот на првото полувреме, но следуваше пресврт во последните пет минути, пред се, благодарение на Пети Милс со 22 поени и Џо Инглс со 17 коша. Кај САД најдобри беа Демијан Лилард со 22 и Кевин Дурент со 17 поени.

Следната проверка на САД е во среда против Аргентина, додека Австралија ќе ги одмери силите против Нигерија.