Нови аудио бомби во врска со случајот „Рекет“

Нови аудио бомби се објавија на „Ју тјуб“ поврзани со случајот Рекет, за кој вчера беа осудени Боки 13 и Катица Јанева.

82

Под псевдонимот „Алибаба Тредичи“ објавени се два разговори, на кои како што тврди објавувачот, се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која му одреди притвор на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“.

Во објавените разговори, Димишков со соговорникот го споменува Камчев, но зборува и за милионски суми на евра. Објавените снимки траат по неколку минути, но објавувачот тврди дека целиот разговор е 57 минути.