Нови детали за експлозијата во Бејрут: Позната причината за белиот облак до чад (ФОТО)

80

Десетици вреќи огномет биле складирани во истиот хангар, во кој имало повеќе од две илјади тони експлозивен амониум нитрат во пристаништето во Бејрут, а во кое дошло до експлозија на 4 август, пишува лондонскиот Гардијан.

Тој огномет би можел да биде одлучувачки фактор што доведе до експлозија, потврдил за весникот поранешен работник на пристаништето и други извори.

Поранешен работник во пристаништето во Бејрут, Јусуф Шехади, изјави за „Гардијан“ дека добил упатства од либанската армија да го чуваат амониум нитрат во хангар, и дека имало и 30 до 40 најлонски вреќи огномет.

Тој рече дека огнометот бил конфискуван на царина во 2009 или 2010 година, односно неколку години пред амониум нитрат и дека тој лично видел кога се носеле торбите со огномет во магацинот.

Друг извор исто така потврдил дека имало и огномет во магацинот што експлодирал, а тоа го потврдува и видеото објавено од истражувачкото место Белинггат.

На видеото се прикажани бели бранови од чад од запален магацин што предизвикуваат поголем, црвен пламен што се шири, набрзо пред да се случи силната експлозија, пренесува „Гардијан“.

Експлозијата, која се случи на 4 август, го уништи пристаништето и целиот град, уби најмалку 163 лица, додека повеќе од 6.000 лица беа повредени, а околу 6.000 згради беа уништени.