Нови детали: Тот бил претепан во ноќен клуб, снимките се избришани!

9

Ракометарите на Бутел ги чека соочување со Вардар во домашниот шампионат, но наместо фокусот да биде ставен на тој натпревар во клубот се соочуваат со непријатна ситуација која се однесува на нивниот член Денис Тот.

Тот е во тешка здравствена ситуација откако бил претепен со тоа што се уште се чекаат дополнителни, детални информации за тоа што се случуло. Хрватскиот медиум „Вечерњи лист“ добил вест дека ова се случуло во еден ноќен скопски клуб, но и дека снимките од инцидентот се избришани.

-Тоа се случило во ноќниот клуб ‘Привилиџ’, а снимките се избришани. Некој знае што прави,-пренесува „Вечерњи лист“.

-Има бројни скршеници и тешки повреди, настанати со удирање со тврди предмети, тупаници и нозе по целото тело, – велат пак од Бутел.

Денис од оваа сезона е дел од Бутел, претходно освен во неговата татковина има играно во Шпанија, Австрија како и за Охрид.