Нови мерки на српската влада

24

Нови мерки од викенд, освен за угостителите, „катанец“ и за фризерниците, теретаните, бутиците, базените…

Угостителските и услужните објекти ќе можат да работат само до 17 часот во работните денови, а за време на викендите воопшто нема да работат, тоа е една од новите мерки предложени од Кризниот штаб, што Владата на Србија ќе ги донесе на седницата во четврток, потврдено е за „Блиц”.

Новите мерки, стапуваат на сила од петок, 4-ти декември, што значи дека тие ќе важат од овој викенд, а како што дознаваме, тие би требало да бидат на сила две недели од усвојувањето.

Предлогот на медицинскиот дел што ќе биде усвоен од владата, е угостителските и трговските фирми, рестораните, кафулињата, баровите, клубовите, трговските центри, игротеките, обложувалниците, продавниците и сите други продажни објекти, салоните за убавина и фризерниците, фитнес центрите, спортските сали, спа центрите и базените да можат да работат во работните денови до 17 часот, а за време на викендите воопшто да не работат (т.е. од петок во 17 часот до понеделник до 5 часот наутро).

Предложените нови мерки се однесуваат на услужните дејности. Фризерите, салоните за убавина и слично, но и бутиците кои не се во трговски центри, според постоечките мерки, ќе може да работат до 21 часот.

Новите мерки, што ќе ги донесе Владата на Србија во четврток, се следниве:

-продавниците за храна да работат секој ден до 21 часот, вклучувајќи ги и викендите

-аптеките, бензинските пумпи и доставата на храна може да работат неограничено седум дена во неделата;

-театрите и кината можат да бидат отворени секој ден до 17 часот, вклучувајќи ги и викендите

-пазарите во работните денови ќе работат регуларно, а за време на викендот од 6 часот изутрина до 15 ч.

Инаку, вчера на седницата на Кризниот штаб било дискутирано и за воведување на задолжителен PCR тест за сите Срби кои би дошле од странство за време на празниците, но ништо не било прецизирано по тоа прашање, но таа тема била оставена за следната седница на Кризниот штаб.